ГОРАН ТРАЈКОСКИ ГО ПРОМОВИРА АЛБУМОТ СО МУЗИКАТА ОД ФИЛМОТ „РУГАЊЕ СО ХРИСТОС“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Албумот „Скомраси апсурдистански“ на композиторот и вокалист Горан Трајкоски вечерва во 19 часот ќе биде промовиран во просториите на „Пасворд продукција“.

На албумот има 12 песни напишани за филмот „Ругање со Христос“ на режисерот Јани Бојаџи. Дел од нив гостите ќе можат да ги слушнат во живо, а со Трајкоски ќе свират Петар Христов, Ана Митоска, Мите Димовски, Игор Василев, Благоја Неделковски и Сеад-Сецко Хаџиќ. Влезот е бесплатен.

„Скомраси апсурдистански“ е трет соло проект на Трајкоски, кој зад себе има и 12 изданија со други музичари и бендови. Трајкоски е композитор на театарска и филмска музика, а е познат и по работата во култните рок групи „Падот на Византија“ и „Анастасија“.