АКТЕРКАТА МИЛИ БОБИ БРАУН СЕ ОМАЖИ СО СИНОТ НА ЏОН БОН ЏОВИ

Лондон, (Пипл)

Британската актерка Мили Боби Браун се омажила со синот на Џон Бон Џови, објави магазинот „Пипл“. Венчавката на 20-годишната ѕвезда на серијата „Чудни нешта“ и 22-годишниот Џејк Бонџови се одржала минатиот викенд, во присуство на нивните родители.

Тоа беше многу интимен настан со нивното најблиско семејство. Тие планираат поголема церемонија подоцна оваа година“, изјави извор близок на двојката.

Браун и Бонџови првпат беа снимени заедно во јуни 2021 и таа минатиот април потврди дека се свршиле.

(Фото: Гети)