АЛКАРАС СТАНА НАЈМЛАДИОТ ТЕНИСЕР КОЈ ОСВОИЛ ГРЕНД СЛЕМ ТИТУЛА НА СИТЕ ТРИ ПОДЛОГИ

Париз, (Ројтерс)

Карлос Алкарас испиша историја со вчерашниот прв триумф на Ролан Гарос откако стана најмладиот освојувач на гренд слем титула на сите три подлоги. Дваесет и едногодишниот Шпанец го совлада Александер Зверев во финалето со 6:3, 2:6, 5:7, 6:1, 6:2 и го додаде трофејот на Ролан Гарос во својата колекција титули, во која се и Отворено првенство на САД (2022) и Вимблдон (2023).

Алкарас стана седмиот тенисер кој освоил гренд слем титула на тврда подлога, трева и земја. Колку за споредба, Пит Сампрас никогаш не славел на Ролан Гарис, а Роже Федерер и Новак Ѓоковиќ беа во своите доцни 20-ти години кога го прославија првиот триумф на најбавната подлога.

Уште кога бев дете трчав од школото за да го гледам овој турнир на телевизија. Сега го кревам трофејот пред сите вас“, кажа Алкарас по финалето.

Ова беше првото финале на Ролан Гарос по две децении во кое не играше никој од големата тројка: Федерер, Надал и Ѓоковиќ.

(Фото: АП)