СЕДУМ СВЕТСКИ ПАЛАТИ СО БОГАТА ИСТОРИЈА КОИ СЕ НАЈГОЛЕМА АТРАКЦИЈА ЗА ТУРИСТИТЕ

САД, (Дејли Паспорт)

Платите се секогаш популарна туристичка атракција, а „Дејли паспорт“ издвои седум највпечатливи палати, од Шпанија до Сеул и Индија до Истанбул, кои туристите најмногу ги посетуваат.
Версајската палата беше познатата резиденција на француските владетели,  Луј XVI и Марија Антоанета. Версај го започнал животот во 1623 година како скромна ловечка куќа. Сепак, „скромно“ не е збор што би се применил за Версај што можете да го посетите сега.

Версај во Франција (Фото: Шатерсток)

Во северозападна Индија, земјата на Махараџите (големите владетели), династиите Раџпут изградиле серија тврдини, палати и раскошни градби од бајките, почнувајќи од 16 век. Во Џајпур, нивниот главен град познат како „Розовиот град“ поради бојата на теракота која преовладува, се наоѓа спектакуларниот Џал Махал („Водената палата“). Првично изграден во 1699, служел како дом за членовите на кралското семејство кои ги ловеле водните птици.
Започнувајќи со Мехмед Освојувачот во 1478, и речиси четири века потоа, десетици отомански султани владееле од Топкапи палатата во Истанбул. Тогаш имало помеѓу 1.000 и 4.000 жители на палатата во исто време. Денес, еден од најинтригантните елементи на секоја посета на современиот музеј е естетиката.
Еден час надвор од Лисабон, областа Синтра која е светско наследство на УНЕСКО, се состои од голем број шарени замоци и палати, но палатата Пена е најпозната. Таа е препознатлива по своите светло-црвени и жолти кули од кои се излегува кон морето.

Палатата Пена во Португалија (Фото: Гети)

Изградена во 1395 година како најголемо од петте упоришта на династијата Џосеон во Сеул, палатата Гјеонгбокгунг помина низ различни циклуси на уништување, напуштање и повторно раѓање. Сега ги спојува неколкуте оригинални елементи со обновените.
Уникатен спој на муслимански и европски влијанија, оваа палата од 13 век поминала низ неколку промени низ вековите. Ла Алхамбра првпат била изградена од мавритански крал. Маврите биле северноафриканска муслиманска група која живеела во различни делови на Шпанија околу 800 години.

Палатата Потала во Тибет (Фото: Гети)

На ридот Марпо Ри во Ласа, тибетската палата Потала им го одзема здивот на многу туристи. Палатата Потала, која служела како зимска палата за Далај Лама до 1959, е главниот симбол на тибетскиот будизам. Црвениот дворец е додаден подоцна, изграден на врвот на Белата палата. На оваа локација веќе постоел будистички манастир кога започнала изградбата на палатата во седмиот век.