АНТОНИО БАНДЕРАС ОБЈАВИ ДЕКА Е ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 НА 60. РОДЕНДЕН

Лос Анџелес, (Гардијан)

Актерот Антонио Бандарес на Твитер објави дека е позитивен на ковид-19. Во постот објавен денес, кога полни 60 години, глумецот вели дека е принуден да го слави роденденот во карантин, но додава дека се чувствува добро.

„ Сакам да кажам дека сум релативно добро, само малку поуморен од вообичаено, но уверен сум дека, следејќи ги препораките на медицинските лица, многу брзо ќе се опоравам од овој вирус кој погоди толку многу луѓе на планетата. Ќе ја искористам оваа изолација за да читам, пишувам и да одморам. Ќе продолжам да правам планови како да им дадам на значење на овие мои 60. години, кои ги пречекав со голема радост“, напиша шпанскиот актер со богата холивудска кариера.

Бандерас лани доби награда за најдобар актер на Канскиот филмски фестивал за улогата во „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, а имаше и номинација за Оскар.