АВСТРАЛИСКИОТ ПРЕМИЕР АЛБАНИЗ ЌЕ СЕ ЖЕНИ ПО ВТОРПАТ НА 60 ГОДИНИ

Мелбурн, (Би-Би-Си)

Австралискиот премиер Ентони Албаниз објави дека се свршил со својата партнерка Џоди Хејдон, со која е во врска четири години. Тој ја запросил со специјално дизајниран прстен на Денот на вљубените во својата премиерска резиденција.

Шеесетгодишниот Албаниз и 15 години помладата Хејдон се запознале на деловен состанок во Мелбурн во 2020. Тој е првиот премиер на Австралија кој се свршил додека бил на функција.

Албаниз има 23-годишен син со бившата вицепремиерка на Нов Јужен Велс, Кармел Тебут, од која се разведе во 2019 по 19 години брак.