БИЈОНСЕ ВЛЕЗЕ ВО ФРАНЦУСКИОТ РЕЧНИК

САД, (Пипл)

Името на Бијонсе ќе влезе во историјата на Франција. Според британскиот весник „Тајмс“, пејачката е една од 40-темина луѓе кои се вклучени во речникот „Ларус“.

Наведена како именка во речникот, до името на Бијонсе стои „американска аренби и поп пејачка“.

Оваа година се додадени повеќе од 150 нови зборови во речникот. Карин Жирак-Мариние, раководителката за речници и енциклопедии во „Ларус“, изјави дека „многу од зборовите одразуваат развој или силни движења оваа година“.