БИОГРАФИЈАТА НА ТИМБЕРЛЕЈК ИЗЛЕГУВА НА 30 ОКТОМВРИ

Њујорк, (АП)

Добитникот на Греми, пејачот и актер Џастин Тимберлејк, од оваа есен ќе има и книга.

„Ретроспектива и сите нешта што не можам да ги видам пред мене” ќе прикаже случки од неговиот живот, фотографии од приватната архива, како и анегдоти и негови размислувања.

Книгата излегува на 30 октомври. Тимберлејк ја напиша заедно со Сандра Барк, а дизајнот е на Мајкл Бајрут.

„Книгата ќе даде големо значење на некои важни луѓе и места од мојата кариера“, кажа Тимберлејк, додавајќи дека им ја посветува на неговата сопруга, актерката Џесика Бил и на тригодишниот син Силас.