Биографската книга за Горан Трајкоски, чиј автор е Тошо Филиповски, ќе биде објавена на 21 ноември. Едноставно насловена „Готра“, книгата е посветена на култниот македонски музичар кој во четири и пол децении кариера беше дел од бројни музички проекти, меѓу кои се издвојуваат „Сарацени“, „Падот на Византија“, „Мизар“, „Анастасија“ и „Мугер Фугер“.
Филиповски најави дека книгата, меѓу другото, содржи над 200 фотографии на 333 страници и изјави и сеќавања на 50-ина музичари и новинари од целиот Балкан. Издавач е „Корпус деликти рекордс“.
„Готра“ е петтата книга на Филиповски за повеќе од шест години и следува по „Македонска рок енциклопедија 1963-2018“ (2018), „Македонска дискографија-винили 1958-2019“ (2019), „Македонски рок времеплов“ (2021) и „Мизар – Откровенија 1981-2021“ (2022).
(Фото: Фејсбук)