Брајан Адамс објави дека имал позитивен тест за коронавирус вторпат за период од еден месец.
„Еве ме, тукушто пристигнав во Милано и имав позитивен тест за коронавирус по вторпат во рок од еден месец. Одам во болница“, напиша канадскиот музичар на Инстаграм.
Адамс, кој кажа дека се вакцинирал, првпат објави дека е позитивен на 31 октомври, ден откако го откажа настапот по повод приемот на Тина Тарнер во Рокенрол халата на славните. Тој тогаш поминал без симптоми.
Шеесет и двегодишниот Адамс допатува во Италија вчера заради промоцијата на новиот календар на „Пирели“, за кој ги фотографираше Шер, Џенифер Хадсон, Рита Ора, Иги Поп и други музичари.