БРАНКО ЃУРИЌ-ЃУРО ЌЕ СЛАВИ 10 ГОДИНИ ОД СТЕНДАПОТ „ЃУРОЛОГИЈА“ ВО СКОПЈЕ НА 17 МАРТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 17 март од 19:30 часот, во Филхармонијата ќе гостува познатиот босански актер и музичар Бранко Ѓуриќ-Ѓура со своето стендап шоу „Ѓурологија“, објави „Авалон“.

Ѓуриќ доаѓа во Скопје по повод 10 години од шоуто, кое е едно од најпопуларните во регионот, а го има играно и низ Европа. Од „Авалон“ велат дека овој негов настап ќе се разликува од сите досагашни.

„‘Ѓурологија’ е збирка на моите мисли, која на забавен начин го прикажува сето она што ме смее и забавува, но и ме нервира. Тоа е мое анти-стендап шоу, кое најмногу потсетува на директен и искрен разговор со публиката“, вели Ѓуриќ за шоуто.

Бранко Ѓуриќ-Ѓуро (62) се прослави како еден од култните ликови во серијата „Топ листа на надреалистите“. Беше и пејач и гитарист на сараевскиот рок бенд „Бомбај штампа“. За време на војната во поранешна Југославија се пресели во Словенија, каде што сè уште живее и ја води продуцентската куќа „Оранџел“.

Работеше и во Хрватска, во авторската емисија „Пет минути слава“ и во серијата „Нашата мала клиника“. Ѓуриќ има глумено во филмовите „Дом за бесење“, „Како пропадна рокенролот“, „Бал-кан-кан“ на Дарко Митревски и „Во земјата на крвта и медот“, кој го режираше Анџелина Џоли. Билетите за скопското шоу се продаваат на karti.com.mk.

(Фото:  Гети)