БРИТНИ СПИРС СЕ ОМАЖИ ПО ТРЕТПАТ, НЕЈЗИНИОТ ПРВ СОПРУГ УАПСЕН КОГА САКАЛ ДА УПАДНЕ НА ВЕНЧАВКАТА

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Бритни Спирс се омажи со свршеникот Сем Асгари на интимна церемонија во Лос Анџелес, што следува еден месец откако објави дека имала спонтан абортус.

Непосредно пред венчавката, бившиот сопруг на Спирс, Џејсон Александер, бил уапсен пред нејзиниот дом, откако се обидел да упадне на настанот. Тој се вклучил во живо на Инстаграм кога му пристапило обезбедувањето и кажал дека Спирс го поканила на венчавката.

Таа е мојата прва сопруга, моја единствена сопруга“, рекол Александер, кој беше во брак со Спирс само 55 часа во 2004.

Александер беше уапсен поради потерница од друг округ.

Поп ѕвездата и личниот тренер Асгари се запознаа во 2016 на снимањето на музички спот, а се свршија во септември минатата година, непосредно пред раскинот на старателството, преку кое татко ѝ го контролираше нејзиниот приватен и професионален живот. Спирс лани откри дека според договорот, не смеела да се мажи и да има уште деца.

Спирс досега двапати беше мажена: прво со пријателот од детството Џејсон Александер, а потоа со танчарот Кевин Федерлајн, со кого има две деца. Тие се разведоа во 2007.