Сем Асгари поднесе барање за развод од сопругата Бритни Спирс по само 14 месеци брак, изјави извор близок на двојката. Тој потврди дека документите за развод биле поднесени вчера, неколку часа откако медиуми како „Пипл“ и „ТМЗ“ објавија дека двојката се разделила.
Поп ѕвездата и Асгари се венчаа во нејзиниот дом во Калифорнија во јуни 2022, а меѓу гостите беа и Селена Гомес, Парис Хилтон, Дру Баримор и Мадона. Церемонијата уследи шест месеци откако Спирс беше ослободена од старателството, преку кое татко ѝ го контролираше нејзиниот живот цели 13 години.
Спирс и личниот тренер Асгари се запознаа во 2016 на снимањето на музички спот, а се свршија во септември 2021. Таа подоцна откри дека еден месец пред венчавката имала спонтан абортус.
(Фото: АП)