БРОДВЕЈ ЌЕ ПОСТАВИ МЈУЗИКЛ ОД АЛАНИС МОРИСЕТ

Њујорк, (Скај)

Мјузикл работен според албумот „The Jagged Little Pill“ на Аланис Морисет ќе се постави на Бродвеј. Морисет за овој албум доби Греми награда во 1995 и продаде над 33 милиони примероци низ светот, со што стана еден од напродаваните албуми на сите времиња.

Мјузиклот ќе се постави есенва и во него ќе има нејзини хитови, како и нов материјал.

Морисет на Инстаграм и на Твитер објави детали од претставата, која лани беше поставена во непрофитен театар во Масачусетс и напиша дека е премногу среќна и возбудена.

Режисер на претставата е Дајен Полус, со оригинална приказна на Дијабло Коди, авторката која доби Оскар за „Џуно“. Таа го следи животот на навидум совршено семејство, чии животи ќе бидат вознемерни од непријатни настани.

Морисет е дел од големата бројка рок и поп ѕвезди кои си ја пробуваат среќата на Бродвеј, како Брус Спрингстин, Стинг, Били Џоел и Синди Лопер.