Германската Бундеслига се врати викендов по двомесечната пауза и покажа како би можеле да изгледаат останатите врвни фудбалски лиги ако продолжат да се играат среде пандемијата на коронавирусот.
- Играчите и стручните штабови беа во карантин цела недела во тимските хотели и редовно биле тестирани на коронавирус. Тимовите пристигнаа на натпревар во неколку автобуси за да се одржи дистанца меѓу играчите.

- На новинарите и на останатите кои имаа дозвола да бидат на стадионите им се мереше телесната температура.
- Севкупно, само 322 луѓе можеа да бидат на еден стадион, од кои 98 на и околу теренот и 115 на трибините.
- Топките се дезинфицираа пред мечот и на полувремето.
- Резервните играчи и членовите на стручниот штаб носеа заштитна маска и седеа оддалечени еден од друг.

- Тренерите можеа да ја симнат маската само кога даваа инструкции на играчите.
- На теренот, играта не се разликуваше многу од фудбалот што сите го знаеме, па не изостанаа директни контакти, прекршоци и воздушни дуели.
- Играчите измислуваа креативни начини на прослава на головите, но имаше и по некоја групна прегратка, спротивно на препораките.
- Првпат во историјата, на мечевите беа дозволени пет измени.
- Поздравувањата најчесто беа со тупаници, лакти или со стапала.

- По натпреварот, играчите и тренерите даваа изјава на дистанца.