Славни личности како Дејвид Бекам, Даниел Редклиф и Дакота Фенинг ќе учествуваат во читањето на првата книга за Хари Потер на Џ. К. Роулинг.
Нејзината агенција на Твитер објави дека сите 17 поглавја од „Хари Потер и Каменот на мудроста“ ќе се читаат во серија на бесплатни видео и аудиоснимки.
Редклиф, кој се прослави со улогата на Хари Потер во филмскиот серијал, веќе го читаше првото поглавје „The Boy Who Lived”, коe е објавено на сајтот harrypotterathome.com. Останатите видеа ќе бидат објавувани еднаш неделно на сајтот, а аудиоверзиите ќе бидат бесплатно достапни на Спотифај. Меѓу другите, во читањето ќе учествуваат и оскаровецот Еди Редмејн и актерот Стивен Фрај.