Филмот „Бизнисот на задоволството“ на македонскиот режисер Гоце Цветановски доби награда на Фестивалот Сине дел Мар во Уругвај.
„ Дејан Ѓошевски е добитник на специјално признание за продукција на дизајн во Уругвај. Славиме 10 награди“, е објавено на Фејсбук страницата на филмот.
„Бизнисот на задоволството“ досега доби три награди за најдобар филм во Јужна Америка, а во септември ќе ја има и бразилската премиера на 32. издание на Еко сине интернешнал филм во Сао Паоло.
Филмот од септември македонската публика ќе има можност да го гледа во киносалите.
Во филмот играат: Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото.
Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.