ЏЕФ БРИЏИС ОБЈАВИ ДЕКА ИМА РАК НА ЛИМФНИ ЖЛЕЗДИ

Лос Анџелес, (Би-Би-Си)

Американскиот актер Џеф Бриџис објави дека има рак на лимфни жлезди, но вели дека „прогнозите се добри“. Оскаровецот ја објави веста преку Твитер, додавајќи дека почнува со лекувањето.

„Ова е сериозна болест, но среќен сум што покрај себе имам одличен тим на лекари“, изјави Бриџис.

Седумдесетгодишниот Бриџис е најпознат по филмот „Големиот Лебовски“ од 1998, а Оскар за најдобар актер доби во 2010 за ролјата на алкохоличар пејач во „Лудо срце“.