Џенифер Лопез и Алекс Родригес ја откажаа свршувачката после две години и веќе не живеат заедно, објавија американските медиуми, повикувајќи се на анонимни извори.
Една од најславните двојки во САД беше заедно од почетокот на 2017 и го доби прекарот Џеј-Род откако заедно се појави на насловната страница на „Венити фер“ пред три години.
„Тие се разделија пред неколку недели и се чини дека нема да се вратат еден на друг“, откри извор близок на двојката.
Тие за последен пат беа видени заедно минатиот месец во Доминиканска Република, каде што Лопез моментално снима филм.