Американската актерка Џилијан Андерсон вели дека имала два вокални тренера и вежбала во темни и напуштени простории за да успее да ја долови улогата на поранешната британска премиерка Маргарет Тачер во мегапопуларната серија на „Нетфликс“, „Круна“. Педесет и двегодишната глумица во интервју откри како беше да се портретира една од најголемите политичарки на минатиот век во актуелната четврта сезона.
„Кога ја снимавме ‘Круна’, ќе земев едно столче и ќе седнев во темен ќош. За да се трансформирам целосно во Тачер, морав да бидам сама и да визуелизирам дека сум на некое друго место. Сосема лесно е да се пародира гласот на Тачер, што го отежнува идентификувањето со неа. Се работеше на тоа да се најде една рамнотежа, но во исто време да се разбере која е таа и како работи“, вели Андерсон.
Ѕвездата на „Досие икс“ признава дека никогаш не би се облекла како Тачер.
„Во моментот кога би го облекла нејзиниот костум, се поистоветував со моќната државничка, што многу ми помогна да ја доловам улогата“.