Пејачот Џо Џонас и актерката Софи Тарнер се разведуваат по четири години брак. Бракоразводната парница ја покренал Џонас, кој во барањето навел дека нивниот брак е „непоправливо скршен“.
Џонас и ѕвездата на „Игра на тронови“ се родители на две ќерки, родени во 2020 и 2022 година.
Двајцата ја започнаа врската во 2016, а се свршија следната година. Тие потоа имаа две венчавки во 2019: првата во Лас Вегас, а потоа на раскошна церемонија во село во јужна Франција.
(Фото: Гети)