ЏОНИ ДЕП НАСЛИКА КОЛЕКЦИЈА КОЈА Ѝ ЈА ПОСВЕТИ НА ПОРАНЕШНАТА ПАРТНЕРКА ВАНЕСА ПАРАДИ

САД, (Ројтерс)

Актерот Џони Деп наслика колекција инспирирана од тарот картите, со која ѝ оддава почит на неговата поранешна партнерка, француската актерка и пејачка Ванеса Паради. Колекцијата е пуштена во продажба од денес (18 јули).
„Тарот“ се состои од четири дела: „Љубовниците“, „Царицата“, „Царот“ и „Силата“.
„Отсекогаш сум бил неверојатно љубопитен за таротот“, вели Деп во видеото. „Има голема уметност во самите карти и невидена уметност во читањето на картите“.
Сликата „Царицата“ е со женска фигура која носи круна, и со неа Деп ѝ оддава почит на Паради со која беа заедно 14 години пред нивната разделба во 2012. Тие имаат две деца, а Деп рече дека останале „многу блиски“.
„Сила“ прикажува слон кој гледа и е испишан со зборовите: „Зошто сакаш да се бориш со нешто што не сака да се бори со тебе?“ Таа е инспирирана од сликата што Деп ја направил кога Паради била бремена.

Дел од уметничлата колекција на Деп (Фото: „Кастел фајн артс“)

Без очи, но со нашминкани црвени усни, „Императорот“ се сеќава на францускиот монарх од 17 век и е инспириран од делото што Деп го направил за време на снимањето на „Жан ду Бери“, во кој го играше кралот Луј XV во Версај.
Филмот, кој имаше премиера на Канскиот филмски фестивал во 2023, ја одбележа првата голема улога на актерот по неговото судење за клевета од висок профил во 2022, против неговата поранешна сопруга, актерката Амбер Херд.
Серијата „Тарот“ на Деп, ограничена на 195 изданија и по цена од 4.500 долари за поединечно парче во рамка, ги следи претходните колекции на актерот.

Ќе се продава преку „Кастел фајн артс“, британскиот продавач на уметнички дела.