ДИРЕКТОРКАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА КУЛТУРА ВО БИТОЛА, АНДОНОВСКА-ИЛИЈЕВСКИ, ВО НОСИЈА ГИ ОТВОРИ 53. „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“

Битола, (СМАРТ.СДК.МК)

Директорката на Центарот за култура во Битола, Маја Андоновска-Илијевски, се појави облечена во македонска носија на вчерашното свечено отворање на манифестацијата „Илиндевски денови“ на платото пред Офицерскиот дом.

Рецитирајќи стихови од песната „Печал“ на Коста Рацин, таа рече дека е облечена во уникатноста на македонската народна носија зашто така ја влечат смилевските корени на прадедовците и прабабите.

„Во денешниот свет со брзо темпо, од суштинско значење е да се потсетиме на важноста на зачувувањето на нашето културно наследство. Нашите обичаи, ритуали, јазик, песни, игра и срце кое чука во седумосмински такт се нишките што нè поврзуваат, формирајќи го ткивото на нашиот идентитет“, рече Андоновска-Илијевски.

„Илинденски денови“ е фестивал на народни песни и игри и играорци од цел свет по 53. пат се собраа во Битола. Во тек е изведбата на 65 настани поврзани со традицијата.

Ж. ЗДРАВКОВСКА / Фото: Диоген Хаџи-Коста Милевски и Ивона Кочов