ДУОДРАМАТА „БЕЛИ НОЌИ“ НА АНГЕЛОВСКА ПРЕМИЕРНО ВО МНТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Претставата „Бели ноќи“, во режија на Звездана Ангеловска, премиерно ќе се изведе вечерва (17 октомври) на малата сцена во Македонскиот народен театар (МНТ) од 20 часот.

Претставата е работена според делото на Достоевски, во адаптација на Ангеловска. Во оваа копродукција играат Ана Јовановска и Дамјан Цветановски.

Сценограф е Мартин Манев, костимографка е Роза Трајческа-Ристовска, а музиката е на Марјан Неќак. Првата реприза е закажана на 18 октомври.

Фото: К. Галевски