Американска двојка патувала 31 час за да го гледа својот омилен фудбалски тим Тотенхем, но во Англија ја дочекало огромно разочарување откако вчерашниот меч со Барнли беше одложен поради многу снег. Кен и Бренди Секстон не знаеле што ги очекува откако на социјалните мрежи напишале дека не спиепе 31 час на патот од Далас преку Лондон до Барнли.
„31 час без спиење. Само кафе, крекери со сирење и уште кафе. Предвидуваат ниски температури и снег на денот на мечот. Тоа се работите што ги правиш кога сакаш еден клуб“, напишаа тие на Твитер.
Бидејќи снегот не престана да паѓа и вчераутро, на стадионот „Турф мур“ немаше услови за игра, па мечот беше откажан половина час пред да почне.
Кен и Бренди морале да се соочат со суровата реалност, но нивниот прв твит во меѓувреме бил споделен над 4.000 пати и за него станал свесен и капитенот на Тотенхем, Хари Кејн. Тој ги поканил да бидат негови гости следниот пат кога ќе бидат во Лондон.