ЕДИ МАРФИ ГО ПРОСЛАВИ БОЖИЌ СО СИТЕ ДЕСЕТ ДЕЦА

Лос Анџелес, (Индипендент)

Холивудскиот актер Еди Марфи го покажа целото свое богатство за Божиќ.

На семејната фотографија, што ја објави неговата најстара ќерка, тој првпат позира со сите свои десет деца, вклучувајќи го едномесечниот син Макс. На сликата се и неговата долгогодишна партнерка Пејџ Бучер, како и мајките на двојката.

Фотографијата со наслов „Среќен Божиќ“ на Инстаграм ја објави Брија (29), а на неа се и нејзините браќа Ерик (29), Кристијан (28) и Мајлс (26) и сестрите Шејн Одра (24), Зола Ајви (19), Бела Захра (16), Ејнџл Ајрис (11) и Изи Уна (2 години).

Пет од децата на Еди Марфи се од неговата екс-сопруга Никол, од која се разведе во 2006 година.

Марфи и Бучер се заедно од 2012 година, а заедно ја имаат и ќерката Изи Уна.