Елтон Џон ќе ја компонира музиката за мјузиклот на Бродвеј „Ѓаволот носи Прада“, кој ќе се работи според романот на Лорен Виснергерод од 2003. Во 2006 година беше снимен и истоимениот популарен филм со Мерил Стрип и Ен Хатавеј.
Сер Џон ќе ја пишува музиката, а текстовите Шаина Тауб.
„Супервозбудливо е да се даде нова слика на ‘Ѓаволот носи Прада’. Јас сум голем обожавател и на романот и на филмот, како и страстен вљубеник во модата. Едвај чекам да се впуштам во овој проект“, изјави Џон.
Мјузиклот ќе има претпремиера следното лето во Чикаго, а сѐ уште не е познато кога ќе игра на Бродвеј, ниту, пак, имињата на актерите.
Елтон Џон досега има работено музика за повеќе проекти како „Били Елиот“, „Аида“ и „Кралот лав“.