ЕМИЛИЈА КЛАРК ЌЕ ДЕБИТИРА ВО ЛОНДОНСКИ ТЕАТАР

Лондон, (Холивуд рипортер)

Ѕвездата на „Игра на тронови“ Емилија Кларк се враќа на театарската сцена, но сега ќе дебитира во престижниот Вест енд во Лондон. Кларк ќе го игра главниот лик Нина во Чеховата драма „Галеб“. Таа дебитираше на Бродвеј во 2013 година во „Појадок кај Тифани“.

Засега не е познато кој ќе ги игра останатите улоги во една од најпоставуваните драми на рускиот писател, во која дејството се случува во 19. век. Премиерата се најавува за март 2020. Режисерот Џејми Лојд најави дека класикот на Чехов за амбициите, љубовта, самотијата и славата ќе добие модерна верзија, од 21. век.

Во Вест енд театарот ќе дебитира и Џесика Честејн, и тоа во „Куќа за кукли“ од Хенрик Ибзен.