ФЕСТИВАЛ ЗА КЛАСИЧЕН БАЛЕТ И МОДЕРЕН ТАНЦ НА 7 И 8 ЈУНИ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

На 7 и 8 јуни, во Македонскиот народен театар ќе се одржи Фестивалот за класичен балет и модерен танц, кој го организира Детскиот културен центар „Карпош“.

Награда за животно дело ќе ѝ биде доделена на професорката Елисавета Кушовска, а во нејзина чест, на неколку дела ќе играат нејзини некогашни ученици, а денешни солисти во Националната опера и балет.

Втората фестивалска вечер ќе се отвори со балетската секција на ДКЦ „Карпош“, а ќе учествуваат и балерини од ДМБУЦ „Илија Николовски-Луј”, балетското студио „Балерина“ и од денс студиото „Мак“ од Куманово.

„Годинава ќе имаме гости од Турција и Иран, а меѓу нив е и неколкукратниот светски првак во современ танц Анди Исмаили“, рече уметничката директорка на фестивалот Маја Каревски.

Учениците од СУГС „Димитар Влахов“ ќе се погржат за шминката и фризурата на дел од учесниците.