АКТЕРИТЕ ГО ИЗБРАА „БЛЕК ПАНТЕР“ ЗА НАЈДОБАР ФИЛМ

Лос Анџелес, (Скај)

„Блек Пантер“ е прогласен за најдобар филм на синоќешното, 25. доделување на наградите на Здружението на филмски актери (САГ) во Лос Анџелес.

Филмот на „Марвел“ со доминантно црномурест кастинг, кој беше хит на светските кино благајани, се смета за пресвртна точка во холивудската кинематографија и може да влезе во историјата ако го повтори успехот на Оскарите следниот месец.

По Златниот глобус, Малек доби и САГ награда за улогата на Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“ (Фото: Гети)

Во моќниот говор покрај колегите Мајкл Б. Џордан, Лупита Нјонго и Данаи Гурира, главниот актер Чедвик Боузман рече:

„Сите ние овде на сцената знаеме како е да ви кажат дека нема место за вас во филм, иако сте млади и талентирани“.

Глен Клоуз е наградена за улогата во „Сопругата“ (Фото: Гети)

„Блек Пантер“ ги победи филмовите „Црниот член на Кју-Клукс-Клан“, „Откачени богати Азијци“, „Боемска рапсодија“ и „Ѕвезда е родена“.

Рами Малек и Глен Клоуз се најдобри актери, а Емили Блант и Махершала Али се наградени за најдобри споредни улоги.