„АМАЗОН“ ЌЕ ГО ОБЈАВИ „БОРАТ 2“ НЕКОЛКУ ДЕНА ПРЕД ИЗБОРИТЕ ВО САД

Њујорк, (АП)

Стриминг сервисот „Амазон прајм“ ќе го објави „Борат 2“ на крајот на октомври, неколку дена пред претседателските избори во САД. Оттаму потврдија дека ги откупиле правата за прикажувањето на филмот на светско ниво.

Со полно име „Borat: Gift of Pornographic Monkey to Vice Premiere Mikhael Pence to Make Benefit Recently Diminished Nation of Kazakhstan“, Саша Барон Коен тајно го снимил продолжението на големиот хит од 2006 година набргу по олеснувањето на коронамерките во САД и светот, користејќи минимална екипа на соработници.

Извори од продукцијата велат дека на снимањето, Коен се нашол во неколку опасни ситуации, а некои денови носел и панцир.

„Борат“ беше еден од најуспешните филмови во 2006 година, заработувајќи 262 милиони долари на светско ниво.