АНИСТОН ЌЕ ГЛУМИ ПРВА ГЕЈ ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА САД

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Џенифер Анистон ќе ја игра првата американска геј претседателка во новиот филм на „Нетфликс“, „Први дами“. Нејзината сопруга ќе ја глуми Тиг Нотаро.

Филмот се базира на сценариото на Нотаро и нејзината сопруга Стефани Алин.

Политичката комедија се фокусира на Беверли и Кејси Николсон, првата жена претседател на САД и нејзината сопруга. „Први дами“ најавува дека ќе покаже дека зад секоја голема жена стои уште една одлична жена.

Филмот е продолжение на одделните соработки на Анистон и на Нотаро со „Нетфликс“. Анистон ќе глуми со Адам Сендлер во комедијата „ Убиствена мистерија“, додека Нотаро наскоро на платформата ќе го прикаже својот специјален проект „Тиг Нотаро: Среќна сум што сум тука“.