АВАНТУРА СО ХАРИСОН ФОРД И КОМЕДИЈА СО САЛМА ХАЈЕК ВО СИНЕПЛЕКС

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Авантурата „Повик на дивината“, комедијата „Како шефица“ и хорор-трилерот „Остров на фантазијата“ се новите филмови кои од денеска играат во киното Синеплекс.

„Повик на дивината“ е адаптација на класиката на Џек Лондон, а во главна улога е Харисон Форд.

Во комедијата за најдобрите другарки кои поседуваат компанија за козметички производи „Како шефица“ играат Салма Хајек, Роуз Брн и Тифани Хадиш.