„БОЕМСКА РАПСОДИЈА“ СЕГА Е ВТОРИОТ НАЈУСПЕШЕН МУЗИЧКИ БИОГРАФСКИ ФИЛМ НА СИТЕ ВРЕМИЊА

Лос Анџелес, (Ролинг стоун)

Откако заработи дополнителни 15 милиони долари во третата недела од прикажувањето, „Боемска рапсодија“ стана вториот најуспешен музички биографски филм на сите времиња.

Филмот кој ја следи кариерата на „Квин“ и на неговиот фронтмен Фреди Меркјури стигна до заработката од 127 милиони долари во Северна Америка, односно 384 милиони глобално, со што изби на второто место на вечната листа, пред биографскиот филм за Џони Кеш „Премини ја линијата“, кој во 2005 година заработи 119 милиони долари.

Се чини недостижен на врвот ќе остане „Бандата од Комптон“, за хип хоп легендите NWA, кој во летото 2015 година заработи 161 милион долари во домашните кина.

„Ќерката на рударот“, биографската приказна за кантри ѕвездата Лорета Лин, цели 24 години беше најдобар во оваа конкуренција, пред да биде симнат од врвот од „Реј“ во 2004 година, за кој Џејми Фокс доби оскар за улогата на Реј Чарлс.