Џез музичарот Тони Китановски утре ќе одржи предавање во рамките на изложбата „Духовите на Африка“, која веќе некое време е поставена во Музејот на Македонија.

Насловен „Африканските корени на џезот: влијанијата на африканските ритми и мелодии врз северноамериканската, јужноамериканската и балканската музика“, настанот ќе се фокусира на значењето на музиката во Африка за развојот на современата музика и разните музички форми од 20. и 21. век.

Предавањето ќе се базира врз личните истражувања и искуства на Китановски со африканската музика, која имала големо влијание врз неговото творештво во последните 30 години.

Предавањето ќе се одржи утре на пладне, во кино салата на Музејот на Македонија.