БРАНДО ГО ОДБИЛ ГЛОБУСОТ, ЗЕЛВЕГЕР БИЛА ВО ТОАЛЕТ КОГА ЈА ПРОГЛАСИЛЕ ЗА НАЈДОБРА АКТЕРКА

Лос Анџелес, (АФП)

Сезоната на гламурозни холивудски доделувања на награди почнува в недела, кога се закажани 75. по ред Златни глобуси.

Ова се неколку интересни факти за наградата, која ја доделува 90-членото Здружение на странски новинари во Холивуд.

Годинава домаќин на свеченоста е водителот од Ен-Би-Си, Сет Мејерс (Фото: Гети)
  • Од 1958 до 1963 година, Глобусите се пренесуваа само во Лос Анџелес, а од 1964, ТВ-преносот почна да оди на национално ниво.
  • За разлика од Академијата за филмска уметност и наука, која го доделува Оскарот, Здружението не дава технички награди, задржувајќи се кон признавање на најдобри актери, режисери, продуценти и сценаристи.
  • Вкупниот број категории за наградата е 25 – 14 за филмот и 11 за телевизијата.
  • Мерил Стрип има најмногу номинации. Сосе годинашната, за улогата во “Пост”, таа била номинирана 31 пат, од кои осум пати триумфирала, еден помалку од рекордерката Барбра Стрејсенд.
  • Џејми Фокс и Хелен Мирен, со по три номинации, заедно го држат рекордот за најмногу номинации во една година.
Барбра Стрејсенд е рекордерка во освоени Златни глобуси
  • Најмладиот победник останува Рики Шродер, кој имаше девет години кога славеше за неговата улога во „Шампионот”, додека најстарата беше Џесика Тенди, која имаше 80 години кога стана најдобра актерка за „Возејќи ја госпоѓицата Дејзи”.
  • Рене Зелвегер беше во тоалетот кога Хју Грант во 2011 година ја прогласи за најдобра актерка во „Медицинската сестра Бети”. Грант праша на која маса седи, за да ѝ ја остави статуетката, но ѕвездата се појави на време, шегувајќи се дека го чистела карминот од забите.
  • „Лет над кукавичјото гнездо“ беше првиот филм кој ја освои големата петка – за најдобар филм, актер, актерка, режисер и сценарио.
Мерил Стрип има најмногу номинации за Златен глобус, сосе годинашната – 31 (Фото: АФП)
  • „Ла ла ленд “ лани освои рекордни седум Златни глобуси.
  • „Кој се плаши од Вирџинија Вулф?” (1967) и „Кум 3″ (1991) имаа по седум номинации, но загубија во секоја категорија.
  • Марлон Брандо одби да го прими неговиот Глобус за „Кум” во 1973 година во знак на протест против војната во Виетнам. Два месеци подоцна, тој го отфрли и Оскарот поради лошиот третман на Индијанците во филмската индустрија.
Десертот е крцкав фил од италијански лешници над бисквит од кафе и маскарпоне, сето тоа прелиено со чоколадо и надополнето со чоколаден глобус, полнет со солена карамела (Фото: Гети)

 

  • Продуцентите на „З” го одбија Глобусот за најдобар странски филм во 1970 година, бидејќи беа лути што беше изоставен од категоријата за најдобар филм.
  • Позлатената 24-каратна статуетка чини околу 800 долари за да се направи, висока е 27,3 сантиметри и тежи 2,5 килограми.
  • Годинашниот домаќин е водителот од Ен-Би-Си, Сет Мејерс, кој најави вообичаен политички хумор во текот на ноќта и вети дека нема да ги вмеша холивудските сексуални скандали.
  • Пред вечерата, гостите ќе бидат послужени со коктели од шампањот „Моет империјал“, текила, сок од црвен портокал и со малку мед.
  • Пред главниот оброк со морски плодови, ќе се послужат и сирењето бурата, зелена салата и домати.
    Десертот е крцкав фил од италијански лешници над бисквит од кафе и маскарпоне, сето тоа прелиено со чоколадо и надополнето со чоколаден глобус, полнет со солена карамела.