ЧЕТИРИ ФИЛМОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ГЛЕДАТЕ ВО ДЕКЕМВРИ

Лондон, (Би-Би-Си)

Одвојте време за новите филмови кои ги очекуваме во кината во декември!

Обликот на водата

Дел хорор, дел забранета романса, дел драма за време на Студената војна, овој филм е едно од најубавите визуелни дела на Гијермо дел Торо. Актерката Сели Хокинс глуми нема слугинка во владиниот истражувачки центар на САД, која се заљубува во еден од предметите за тестирање, водоземно суштество од Амазон (Даг Џонс). Таа се обидува да му помогне на човекот-жаба да избега од службеникот на власта, Мајкл Шенон. Филмски критичари го оценуваат филмот како „кандидат за Оскар во речиси секоја категорија.“

Среќен крај

Француската актерка Изабел Ипер се враќа со еднакво легендарна улога како фрустрирана мајка која се обидува да ги задржи заедно семејството и семејниот бизнис. Михаел Ханеке, господар на драмски сцени, го режираше и претходниот филм со Ипер, „Учителката по пијано“. Ова изнемоштено гледиште на супербогатите во ерата на социјалните медиуми функционира како дискретна навреда на буржоазијата.

Смалување

Новиот филм на Александер Пејн е микс на комедија и научна фантастика за луѓе кои сами решаваат да се намалат до 13 сантиментри, за да ги намалат ризиците на пренаселеноста и да заштедат пари. Брачниот пар Мет Дејмон и Кристен Виг одлучува заедно да помине низ процесот, но сопругата се откажува во последен момент. Ова го прави живеењето во брак многу потешко.

Војна на ѕвездите: Последниот Џедај

Дали Лук Скајвокер ќе го прифати светлосниот меч, кој Реј му го понуди на крајот на последната „Војна на ѕвездите: Силата се буди“? Никој не знае! „Последниот Џедај“ е дури и помистериозен од претходниот филм, а неколкуте клипови кои беа објавени прикажуваат и дека е помрачен. Може ли Лук да стане негативец? Може ли Реј да ги соедини силите со убиствениот Кајло Рен? Силата ќе открие сѐ со време.

Исто така, „Последниот Џедај“ е последниот пат Кери Фишер, која почина минатиот декември, да се појави во улогата на Леја.