Од денеска во киното Синеплекс игра филмот „Девојката во пајакова мрежа“ во режија на Феде Алварез, со Клер Фој во главната улога.
Фој е позната по улогата на британската кралица Елизабета Втора во првите две сезони на ТВ-серијата „Круна“.
Лизбет Саландер е главниот лик во книжевната трилогија на шведскиот писател Стиг Ларсон, „Милениум“ и потоа доби поинаква верзија во „Девојката во пајакова мрежа“, четврта книга објавена по неговата смрт во 2004 година. Книгата беше довршена од Дејвид Лејгеркранц.
„Едвај чекам да ги видам реакциите на луѓето. Кога првпат ја прочитав книгата и кога првпат го погледнав филмот, останав без здив од крајот“, изјави неодамна 34-годишната глумица по премиерата на Римскиот филмски фестивал.