Оскаровецот Џаред Лето ќе го глуми Енди Ворхол во новиот филм за иконата на поп-артот. Глумецот ја соопшти веста за која долго време имаше шпекулации преку Инстаграм: „Вистина е, јас ќе го глумам Енди Ворхол. Возбуден сум и благодарен што ја добив оваа можност. Среќен родеден Енди, ни недостигаш ти и твојата генијалност“.
Објавата следеше еден ден подоцна од датумот на кој Ворхол ќе славеше 92 години. Уметникот почина во 1987 на 58 години.
Лето е препознатлив по тоа дека прави драматични трансформации за потребите на улогите, како на пример за Џокер во „Одредот на отпишаните“.