Легендарни гитаристи ќе бидат во фокусот на петтото издание на фестивалот на музички документарни филмови Скопје синема сити, што се отвора вечерва.

Првиот настан, сепак, не е проекција, туку изложба. Насловена „Патешествие“, на неа ќе биде претставен дел од богатата колекција плакати и постери на Влатко Стефановски, како еден поинаков осврт на неговата кариера, видена низ одржаните концерти и настапи.

Изложбата ќе се одржи во Музеј на Град Скопје, со почеток во 20 часот, додека филмовите ќе се прикажуваат во Кинотеката.

Филмскиот дел се отвора утре со „Кит Ричардс: Под влијание“, портрет на легендарниот гитарист на „Ролинг стоунс“. На фестивалот ќе бидат прикажани и документарни филмови за Роберт Џонсон, Ерик Клептон, Ник Дрејк, Марк Рибо, „Мадредеуш“, „Ју-Ту“, „Квин“ и за германската краутрок сцена.