Пред 35 години, Џулија Робертс стана филмска ѕвезда по улогата на Вивијан Вард во романтичната комедија „Убава жена“ во 1990 година во која глумеше со Ричард Гир. Во чест на 35-годишнината од филмот, „Пипл“ објави неколку непознати факти за „Убава жена“.
Една од најнезаборавните сцени во филмот е кога Едвард ѝ подарува ѓердан на Вивијан. Тој ја затвора кутијата додека таа сака да го допре луксузниот накит, фаќајќи ѝ ги прстите по што Вивијан гласно се смее.
Овој моментот не бил во сценариото и смеата на Робертс беше целосно искрена.
Кога Џулија Робертс првпат се сретнала со режисерот Гари за улогата на Вивијан, првото нешто што таа рекла било: „Нема да бидам гола“.
Актерката имала 20 години кога филмот почнал да снима, а на снимањето наполнила 21 година.
Режисерот Гери Маршал се потсети на роденденот на Робертс во 2016. „Во една уличка близу студиото го прославивме 21-от роденден на Џулија со бисквити и голтка шампањ. И тогаш реков: ;Ајде да се вратиме на работа!’, рече режисерот.
Во 2012, Ричард Гир рече дека не се сеќава на филмот. „Луѓето ме прашуваат за тој филм, но јас го заборавив. Тоа беше глупава романтична комедија“, рече Гир. „Тоа не е мој жанр на филм, не е она што го барав“, додаде актерот.
Гери Маршал одигра голема улога во тоа што го натера Гир да го сними филмот. Гир рече дека му рекол на Маршал: „Види, едноставно не гледам лик“. Според Гир, Маршал му одговорил: „Ајде јас и ти да го најдеме“.
Подоцна, Гир рече: „Едвај прифатив да играм во филмот. Но сега сум толку горд на филмот и на работниот процес што го имавме за да го создадеме. И јас не само што сум горд, туку сум и благодарен“.