ЕНТОНИ БУРДЕН САМИОТ ЈА РАСКАЖУВА СВОЈАТА ЖИВОТНА ПРИКАЗНА ВО НОВ ДОКУМЕНТАРЕЦ (ВИДЕО)

Лос Анџелес, (Гардијан)

Излезе првиот трејлер за документарниот филм „Roadrunner“, кој ги истражува животот, смртта и наследството на Ентони Бурден.

Филмот режиран од оскаровецот Морган Невил користи архивски и досега невидени снимки од омилениот готвач, автор и патописец, комбинирано со интервјуата со оние кои го познаваа. Во филмот е користен и гласот на Бурден, па тој како самиот да ја раскажува својата приказна.

Бурден се самоуби во 2018 година во Франција, каде што ја снимаше својата серија „Непознати делови“. Новиот филм сугерира дека му било многу тешко да зборува со други луѓе за своите ментални проблеми.

„Roadrunner“ ќе почне да се прикажува во кината во САД на 16 јули.