По синоќешната премиера во Лондон, „Фантастични ѕверки: злочините на Гринделвалд“ од денеска игра во скопското кино Синеплекс.
Во продолжението на „Фантастични ѕверки и каде да се најдат“ од 2016 година ги следиме Њут Скамандер и Албус Дамблдор во нивните напори да стават крај на мрачниот волшебник Гелерт Гринделвалд.
Филмот е работен според книгата на славната британска писателка Џеј Кеј Роулинг, оскаровецот Еди Редмејн го игра Њут Скамандер, познатиот магизоолог во светот на волшебниците, а во екипата се и Џони Деп и Џуд Ло.