Од 10 до 16 септември, во Кинотеката во Скопје ќе се одржи четвртото издание на Фестивалот на нем и класичен филм. Се отвора со францускиот краток филм „Андалузиски пес“ од 1929, во режија на Луис Буњуел. Музичка придружба на овој нем филм ќе биде Милош Станојевиќ, еден од најеминентните современи српски пијанисти.
Ќе се прикажат повеќе француски, литвански, германски и шпански играни и документарни филмови. Фестивалот на 16 септември ќе се затвори со играниот филм „Уцена“ од Алфред Хичкок.