Од утре до 20 април, во Кинотеката по седми пат ќе се одржува Фестивалот за слика и филм за деца и млади (БУФ), во организација на Гете-институтот од Скопје.
„Програмата нуди уживање во филмови за сечиј вкус, а ќе се прикажат пет актуелни и возбудливи играни филмови“, најавува Гете-институтот.
Сите ќе бидат прикажани во оригинал, со превод на македонски и албански јазик. Тие се наменети за сите деца кои можат да го читаат преводот или разбираат германски јазик.
На годинашниот БУФ ќе се прикажат „Љубопитниот Тоби и тајната на нашата планета“, „Џим Копче и Лукас машиновозачот“, „Тим Талер или Момчето што си ја продаде насмевката“, „Венди 2 – другарство засекогаш“ и „Помош, ги смалив родителите“.