ФИЛМСКО ПОПЛАДНЕ ВО КИНОТЕКАТА ВО ЧЕСТ НА 30 ГОДИНИ ОД ПАДОТ НА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Германија денеска ја одбележува 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид, кој за време на Студената војна го делеше градот 28 години.

По тој повод, во Кинотеката, Амбасадата на Германија во Скопје организира филмско попладне на тема падот на ѕидот и Берлин, со почеток во 14 часот.

Ќе се прикажат филмовите „Борнхолмер Штрасе“, траги-комедија за последните часови пред отворањето на ѕидот, како и „Збогум, Ленин!“ и „Небото над Берлин“.