„ГОДЗИЛА ПРОТИВ КОНГ“ Е ФИЛМ СО НАЈДОБРО ОТВОРАЊЕ ЗА ВРЕМЕ НА КОРОНАКРИЗАТА, ИГРА И ВО СИНЕПЛЕКС

Лос Анџелес, (Вараети)

„Годзила против Конг“ заработи 9,6 милиони долари откако завчера почна да игра во американските кина и со тоа стана филм со најдобро отворање за време на ковид пандемијата.

Филмот кој ги обедини двете чудовишта исто така има најмногу кинопроекции за време на коронакризата. Во средата се прикажа во 2.409 сали, а до денеска, таа бројка ќе порасне на 3.064. Досега овој рекорд го држеше „Тенет“ на Кристофер Нолан, кој се прикажа во 2.800 киносали.

Според „Ворнер брос“, над 94% од киносалите се отворени, но со намален капацитет. Во Канада, пак, се отворени само 30 отсто.

„Годзила против Конг“ игра и во скопското кино Синеплекс.