ХОЛИВУДСКИ ЅВЕЗДИ ДОЈДОА НА ОТВОРАЊЕТО НА МУЗЕЈОТ НА ФИЛМОТ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Лос Анџелес, (Венити фер)

Ѕвезди како Софија Лорен, Том Хенкс, Ворен Бити, Анет Бенинг, Никол Кидман и Леди Гага дојдоа на гала отворањето на Музејот на Академијата за филмска уметност и наука во Лос Анџелес. Музејот на институцијата која ја доделува најпрестижната филмска награда Оскар за јавноста ќе биде отворен од 30 септември.

Признанија за својата работа добија Боб Ајгер, Анет Бенинг. Том Хенкс и Никол Кидман (Фото: Гети)

Прославениот италијански архитект Ренцо Пијано го доврши музејот, додавајќи бетон и стаклена сфера на зградата од 1930-ите. Архитектонското студио на Пијано, кој е добитник на Прицкерова награда, го реновираше објектот и ја додаде Сферата, структура во форма на купола во која се сместени киносали.

Оскаровците Клое Жао и Гилјермо дел Торо (Фото: Гети)

Музејот e посветен на уметноста и науката на филмот и зафаќа површина од 4.600 квадратни метри. Има изложбен простор, две киносали, ресторан и едукативно катче именувано по Ширли Темпл.

Леди Гага (Фото: Гети)
Адријана Лима (Фото: Гети)
Кејти Пери и Орландо Блум (Фото: Гети)