КЕРИ ФУКУНАГА ИЗБРАН ЗА ПРВ АМЕРИКАНСКИ РЕЖИСЕР НА „ЏЕЈМС БОНД“

Лондон, (Би-Би-Си)

Кери Фукунага ќе го режира 25. филм за Џејмс Бонд, а снимањето ќе почне на 4 март 2019 година.

Фукунага (41) е првиот Американец кој ќе режира филм од култната франшиза, а меѓу неговите последни проекти се филмовите „Џејн Ер“ и „Ѕверови без нација“ и сериите „Вистински детектив“ и „Манијак“.

Тој доаѓа на местото на оскаровецот Дени Бојл, кој се откажа од Бонд поради, како што рече, креативни разлики.

„Пресреќни сме што ќе работиме со Кери. Неговите разновидност и иновативност го направија одличен избор за следната авантура на Џејмс Бонд“, изјавија продуцентите Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи.

Продуцентите ја најавија премиерата за 14 февруари 2020 година.