Кина го забрани прикажувањето на „Кристофер Робин“, новиот филм за мечето Вини Пу, со Јуан Мекгрегор во главната улога.
Иако официјалната причина не беше соопштена, многумина ова го поврзуваат со цензурата на Вини Пу, чии слики беа блокирани на социјалните мрежи, откако тој беше спореден со кинескиот лидер Шји Џинпинг.
Од истата причина, Кина во јуни го блокираше и Ејч-Би-О, откако водителот Џон Оливер ја исмеваше чувствителноста на Џинпинг околу споредбите со Вини Пу. Оваа споредба стана своевиден симбол на отпорот во Кина.
„Дизни“ ја почна продукцијата на „Кристофер Робин“ уште во 2015 година, две години пред најпознатото кадифено мече не сакајќи да дојде на лош глас во Кина.
И покрај забраната во Кина, се очекува филмот да има добар почетен викенд во САД и да заработи меѓу 20 и 30 милиони долари.